Линкови за пристапност

Ролинг стоунс и натаму се тркалаат...


Ролинг Стоунс на турнеја по САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:46 0:00

Ролинг Стоунс на турнеја по САД

...на турнеја по 15 градови во Северна Америка

Легендарната група Ролинг стоунс со концертот во Сан Диего неделата ја започна турнејата по Северна Америка за промоција на албумот „Зип код“.

Пред исполнетиот стадион, рокерите коишто веќе 50 години се на сцената, одржаа двочасовен концерт.

Мик Џегер, Кит Ричардс, Рони Вуд и Чарли Ватс го отворија концертот со нумерата „Џампинг џек флеш“.

71-годишниот Џегер во својот претпознатлив стил - танцуваше, трчаше по бината и покажа дека годините не му се проблем. Џегер и Стоунс го затворија првиот концерт со нумерата „Сатисфекш`н“.

Турнејата ќе ги однесе Ролинг стоунс во вкупно 15 градови во Северна Америка. Последниот концерт ќе биде во Квебек, Канада, на 15-ти јули.

XS
SM
MD
LG