Претставничкиот дом на САД одобри резолуција со 394 гласа наспроти еден, со која воената кампања на Мјанмар против Рохинџа ја прогласи за геноцид.
Извештајот на Обединетите нации од август забележува дека војската извршува масовни убиства и силувања со намера за геноцид, и ги повика официјалните лица на Мјанмар дефинитивно за првпат да се соочат со ваквите обвинувања.
Армијата на Мјанмар ги негираше претходните обвинувања дека извршила геноцид, велејќи дека нејзините акции биле дел од антитерористичката кампања
Убивањата ги алармираа Обединетите нации и бројни политички лидери и борци за човекови права, да го доведат во прашање демократскиот напредок на државата.
Коалицијата на американски и канадски муслимански организации ја поздрави резолуцијата за прогласување геноцид.
Со оваа резолуција се повикува Владата на Мјанмар да ги ослободи и двајцата новинари на Ројтерс, кои беа затворени пред една година.
Амбасадата на Мјанмар во Вашингтон веднаш не го коментираше гласањето во Претставничкиот дом.
Facebook Forum