Линкови за пристапност

Можна затворска казна од седум до девет години за Роџер Стоун, Трамп негира дека барал да се намали


Пресудата за Стоун се очекува да биде донесена во Вашингтон следната недела

Претседателот на САД Доналд Трамп, негира дека интервенирал во препораката за пресудата на политичкиот соработник Роџер Стоун, обвинет за лажење пред Конгресот.

„Имам апсолутно право тоа да го направам. Јас се држам настрана до степен до кој луѓето нема да веруваат“, изјави вчера Трамп пред новинарите во Белата куќа, и додаде:

„Не сум зборувал со нив. Мислам дека препораката беше смешна. Целиот прогон беше смешен. Навреда за државата“.

Федералните обвинители ден претходно предложија затворска казна од седум до девет години за Роџер Стоун, помошник на Трамп, кој се соочи со обвиненија за лажање пред Конгресот, вршење притисок врз сведок и попречување на истрага на Претставничкиот дом, поврзана со истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во изборите во САД во 2016 година.

Трамп денес реагираше со серија објави на Твитер.

„Благодарност до главниот правобранител Вилијам Бар кој презеде контрола врз случајот, што беше целосно надвор од контрола, и кој можеби никогаш не требаше да биде покренат. Доказите сега јасно покажуваат дека работата на Мулер беше несоодвето изведена“, напиша Трамп.

Трамп, исто така, рече дека препораката за затворската казна е „закана за правдата“, по што подоцна Одделот за првада му соопштил на судот дека неговата првична препорака „би можела да биде екстремна и неоснована“.

Претседателот одби да коментира дали размислува да го помилува Стоун

„Не сакам да разговарам за тоа сега“, рече тој.

Пресудата за Стоун се очекува да биде донесена во Вашингтон следната недела.

Одделот за правда рече дека донел одлука да побара пониска затворска казна за Стоун во понеделник вечерта, пред Трамп да реагира во серија твитови.

Демократскиот сенатор Чак Шумер, пак, испрати писмо до генералниот инспектор во Одделот за правда Мајкл Хоровиц, официјално барајќи истрага за препораката за намалување на казната.

Претседавачот со Комијста за разузнавање на Претставничкиот дом Адам Шиф, рече дека ако Трамп барал да се намали казната, тоа би било груба злоупотреба на моќ.

Стоун е еден од многуте контроверзни ликови во американската политика. На неговиот грб носи тетоважа од ликот на поранешниот претседател Ричард Никсон, единствен американски лидер кој некогаш дал оставка, заминувајќи од функцијата во 1974 година, за време на политичкиот скандал Вотергејт, кусо пред неговиот сигурен импичмент во Претставничкиот дом.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG