„Роџер Стоун има многу добри шанси да биде ослободен од вина“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по изрекувањето на пресудата на Федералниот суд во четвртокот, кој го осуди долгогодишниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун, на 40 месеци затвор.
Тоа е околу половина од првичната препорака на обвинителите за затвор од седум до девет години.
Но, судијката Ејми Берман Џексон од Окружниот суд во Вашингтон донесе одлука дека казната нема да биде спроведена сè додека Стоун не ги исцрпи сите средства за ново судење. Адвокатите на Стоун велат дека тој заслужува повторно судење бидејќи еден од поротниците кои го осудиле бил пристрасен против Трамп.
Стоун беше обвинет во ноември 2019 по седум основи и тоа за опструкција на правдата, манипулирање со сведоци и лажење на Конгресот за неговите напори за време на претседателската кампањата во САД во 2016 година за да обезбеди украдени електронски пораки за демократската кандидатка Хилари Клинтон од веб страницата Викиликс.
Facebook Forum