Федерален судија во Вашингтон го закажа судењето за Роџер Стоун, долгогодишен пријател и советник на претседателот Доналд Трамп, за петти ноември.
Стоун се соочува со седум обвиненија, вклучувајќи и за лажење пред Конгресот и за попречување на конгресната истрага за руското мешање во изборите во САД во 2016-та година.
Судијката Ејми Берман Џексон рече дека очекува судењето на Роџер да трае најмалку две недели.
Стоун се појави пред Џексон да одговори на прашањата за тоа дали ја прекршил нејзината наредба да не смее јавно да зборува за неговиот случај, кога ги нападна обвинителите во новиот вовед на кинигата за изборите од пред три години „Митот за руската соработка“.
Неговите адвокати на почетокот на неделава изјавија дека Стоун немал намера да ја прекрши наредбата.
Судијката денес повтори дека Стоун мора да ја почитува оваа наредба, со која му се забранува јавно да зборува за неговиот случај.
Стоун беше упасен во јануари, откако специјалниот советник Роберт Мулер покрена обвинение против него како дел од истрагата за можна соработка на кампањата на Трамп со Русија за време на изборите во 2016-та година.
Тој се изјасни за невин по сите обвиненија.
Facebook Forum