Пензионираната кошаркарска ѕвезда Денис Родман е во Северна Кореја по втор пат годинава, но одбива да каже дали ослободувањето на затворениот Корејски-Американец ќе биде на неговата агенда.
Пред слетувањето во Пјонгјанг во вторник, Родман на новинарите на пекиншкиот аеродром им кажа дека се надева оти повторно ќе се сретне со неговиот „пријател“ – севернокорејскиот авторитарен лидер Ким Џонг Ун, за време на неговата таканаречена кошаркарска дипломатска турнеја.
Родман во февруари имаше ретка лице-в-лице средба со Ким во Пјонгјанг. За време на неговото патување, Родман авторитарниот лидер го нарече „доживотен пријател“.
Минатата недела Родман за Хафингтон Пост изјави дека „дефинитивно“ ќе ја искористи својата најнова посета да побара од Ким ослободување на болниот корејско-американски мисионер Кенет Бае, кој служи 15 години тешка работа во Северот.
Но во вторник Родман одби да одговара на прашања за Бае.
Посетата на Родман доаѓа откако Северна Кореја ја повлече поканата за висок американски пратеник заради американско-јужнокорејски армиски вежби кои се случија минатиот месец.