Линкови за пристапност

Роботски операции без лекари


Роботски операции без лекари
Роботски операции без лекари

Лекарите рутински употребуваат роботски направи при вршење хируршки зафати. Но што ако нема доволно лекари што ќе седат до тие направи? За такви случаи што е многу веројатно дека ќе се реалност истражувачите тестираат можности за употреба на роботи со вештачка интелигенција за изведување рутински лекарски процедури.

Биопсија со игла често се користи за дијагностицирање на различни видови на рак и спречување на непотребни операции доколку ткивото се покаже бенигно. За време на оваа процедура лекарите со шуплива игла земаат примерок од сомнителните клетки. Но, истражувачите на Универзитетот Дјук велат дека технологијата за правење компјутерски имиџи комбинирана со роботска вештачка интелигенција може наскоро да ги ослободи лекарите од тоа да мора да ја изведуваат операцијата.

„Прво се обидовме да симулираме биопсија на тумор на дојка. Така, правиме имиџ на гради на мисирка и внатре во тоа ткиво симулираме тумор со ставање зрно грозје“, вели Стивен Смит, професор по биометрички инженеринг, радиологија и медицинска физика во Дурам, училиште во Северна Каролина. Тој вели дека тие експерименти покажале дека роботи со вештачка интелигенција може да прават едноставни хируршки процедури.

„Потоа правиме тридимензионален имиџ со ултразвук на тие гради од мисирка. Таа слика потоа ја испраќаме на компјутер и оттаму до компјутерот со вештачка интелигенција. Тој го наоѓа центарот на туморот по што роботот добива информација каде да ја стави иглата“, вели Смит.

Смит вели дека прецизноста е во рамки на два милиметри од центарот на тие симулирани тумори.

Системот исто така може да набави подеднакво распоредени примероци од целото ткиво. Оваа процедура е важна за дијагностицирање на болести како рак на простата, каде специфични зголемени нивоа на протеин без присуство на тумор може да бараат биопсија.

Смит вели дека се надева оти оваа технологија може со време да се употреби во земјите во развој каде лекарите, особено радиолозите, може да не бидат на располагање. Ова овозможува рана дијагноза што може да помогне да се спасат животи.

Целата процедура трае една минута. Но, побрзи компјутери и пофлексибилни роботи можат времетраењето да го сведат на задржување на здивот додека биопсијата се изведе со игла.

Во моментов оваа технологија се усовршува и клиничките тестови може да почнат за три до пет години, а направата комерцијално да биде достапна во рок од деценија.


Биопсија со игла често се користи за дијагностицирање на различни видови на рак и спречувајќи на непотребни операции доколку ткивото се покаже бенигно. За време на оваа операција, лекарите со шуплива игла земаат примерок од сомнителните клетки. Но истражувачите на Универзитетот Дјук велат дека технологијата за правење компјутерски имиџи комбинирана со роботска вештачка интелигенција може наскоро да ги ослободи лекарите од тоа да мора да ја изведуваат операцијата.


„Прво се обидовме да симулираме биопсија на тумор на дојка. Така правиме имиџ на гради на мисирка и внатре во тоа ткиво симулираме тумор со ставање зрно грозје“, вели Стивен Смит, професор по биометрички инженеринг, радиологија и медицинска физика во Дурам, училиште во Северна Каролина. Тој кажа дека тие експерименти покажале дека роботи со вештачка интелигенција може да прават едноставни хируршки процедури.

„Потоа правиме тридимензионален имиџ со ултразвук на тие гради од мисирка. Таа слика потоа ја испраќаме на компјутер и компјутерот со вештачка интелигенција, и тој го наоѓа центарот на туморот по што роботот добива информација каде да ја стави иглата“, вели Смит.

Смит вели дека прецизноста е во рамки на два милиметри од центарот на тие симулирани тумори.

Системот исто така може да навави подеднакво распоредени примероци од низ целото ткиво. Оваа процедура е важна за дијагностицирање на болести како рак на простата, каде специфични зголемени нивоа на протеин без присуство на тумор може да бараат биопсија.

Смит вели дека се надева оти оваа технологија може со време да се употреби во земјите во развој каде лекарите, особено радиолозите, може да не бидат на располагање. Ова овозможува рана дијагноза што може да помогне да се спасат животи.

Целата процедура трае една минута. Но побрзи компјутери и пофлексибилни роботи можат времетраењето да го сведат на задржување на здивот додека биопсијата се изведе со игла.

Во моментов оваа технологија се усовршува и клиничките тестови може да почнат за три до пет години, а направата комерцијално да биде достапна во рок од деценија.
XS
SM
MD
LG