Линкови за пристапност

Кампања за забрана на роботи-убијци


Активистите велат дека мора да се донесат законски рамки за обезбедување човечка контрола над смртоносното автономно оружје

Кампањата за забрана на роботи-убијци е глобална коалиција составена од 76 организации во 32 земји. Во неа постојат членови како што се Хјуман рајтс воч, Амнести интернешенел, Нобеловата иницијатива за жени и други. Таа започна во април 2013-та година за превентивно да ги забрани смртоносните автономни системи за оружје, попознати како роботи-убијци.

Од последниот состанок кој се одржа во април, на Кампањата за забрана на роботи-убијци, се приклучија 26 земји. Кина се согласи на делумна забрана за користење на ова оружје, но не и за целосен прекин на нивниот развој, додека Русија ја објави својата поддршка за необврзувачки договор.

Марија Ворхем од „Хјуман рајтс воч“ и координатор на кампањата, вели дека со ова се врши притисок врз САД и другите земји, да ја поддржат забраната за целосно укинување на автономното оружје.

„Државите треба веднаш да преземат акција. Но, прашање е кој ќе биде „лошиот“ за да го блокира ова, а тоа ќе го дознаеме до крајот на оваа недела. Конвенцијата работи со консензус“, вели таа.

Мандат за преговарање на правно обврзувачки договор е до крајот на 2019-та година. На последниот состанок, Франција, Израел, Русија, Велика Британија и САД се појавија како потенцијални пречки. Тие експлицитно ги одбија потезите за забрана на ваквите системи.

Активистите велат дека мора да се донесат законски рамки за обезбедување на човечка контрола над смртоносното автономно оружје. Во спротивно, велат тие, ќе ги прекршат меѓународните етички стандарди. Од таму, велат дека роботите-убијци нема да се сметаат одговорни за воените злосторства ако биле иницирани од човек.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG