Линкови за пристапност

Роботи прават кафе, ги поздравуваат муштериите, играат...


Роботи подготвуваат кафе
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00

Во Сан Франциско има стотици места за пиење кафе. Но, има едно ново место нуди еспресо и капучино направени од робот, кој покрај другото има и човечки карактеристики

Ова е роботот Робин, кој може да направи капучино, дури и пет за само неколку минути.

Овој робот работи во продавницата „КафеЕкс“, чиј слоган е „Дојдете за роботот, останете заради кафето“.

Робин не се заморува, не оди на паузи, и го прави филтер кафето секој пат на ист начин.

„Секогаш користи иста количина на зрна кафе, како и на млеко или вода. И темературата е постојано иста,“ вели Синтија Јанг од „Кафе Екс“

Но, овој робот е повеќе од машина. Претставува комбинација на хардвер и софтвер, алгоритми и сензори, за да ги детектира чашите, како и недостигот на потребните состојки.

Во негова близина, пак, има луѓе во случај на проблем. Тие исто така разговараат со муштериите, меѓу другото и за потеклото на кафето што го користат.

„Роботот го гледаме како начин да се подобри продуктивноста на нашата продавница,“ вели Јанг.

Роботот е програмиран да има и човечки карактеристики.

„Луѓето обожаваат кога роботот ќе им мавне, а многу сакаат и кога ќе заигра малку,“ објаснува Јанг.

А што муштериите мислат за него?

„Јас се чувствувам многу сигурна,“ вели Кирк Шулер.

„Има многу работа околу кафето што се повторува и која луѓето не сакаат да ја прават. Роботот ја завршува без проблем,“ вели Шон Бондер.

И додека расте загриженоста дека роботите ќе им ги земат работните места на луѓето, овој концепт е визијата за соработка меѓу машините и работниците во иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG