Линкови за пристапност

Американски пливачи не можеа да заминат од Бразил


Бразилските власти побараа да соработуваат во истрагата по контроверзната изјава на олимпиецот Рајан Локти дека тој и неколкумина пливачи биле ограбени во Рио.

Двајца пливачи на американската репрезентација во Рио, Гунар Бенц и Џек Конгер се приведени на меѓународниот аеродром Рио де Женеиро, додека биле во авионот на пат за САД.

Бразилските власти подоцна ги ослободиле пливачите под услов да продолжат да соработуваат во истрагата за инцидентот, во кој, според изјавата на олимпиецот Рајан Локти, Бенц и Конгер заедно со Локти и Џејмс Фејган биле ограбени од вооружени лица кои се претставиле како полицајци.

Фејген, Бенц и Конгер ќе останат во Бразил за дополнителни искази. Претходно, бразилски судија наредил Локти и Фејгел да не ја напуштаат земјата со образложение дека дале спротивставени изјави за наводниот грабеж. Сепак, таткото Локти рече дека неговиот син, кој освои златен медал на Олимпијадата во Рио, се вратил во САД пред да стигне наредбата од судијата.

XS
SM
MD
LG