Линкови за пристапност

Олимпискиот факeл пречекан со протести


Демонстрантите изразуваат незадоволство заради огромните трошоци за Олимпијадата, додека Бразил со децении се наоѓа во рецесија.

Олимпискиот факел пристигна во Рио де Женеиро, но беше пречекан од протести поради недостатокот на социјален и економски напредок во државата, наспроти спортскиот настан вреден 12 милијарди долари.

Градоначалникот на Рио, Едуардо Паес за време на церемонијата, факелот го прими од морнарите Торбен и Ларс Граел. Во непосредна близина, полицијата беше приморана да употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го изразуваа своето незадоволство заради огромните трошоци за Олимпијадата, додека Бразил со децении се наоѓа во рецесија.

Летните олимписки игри воедно се засенети и заради појавата на вирусот Зика, скандалот со корупција и импичмент на претседателката Дилма Русеф. Заклучно со среда, преку 1 милион билети за олимписките настани останаа непродадени.

Засега светла точка е бразилската женска фудбалска репрезентација, која во првиот официјален натпревар ја порази Кина со 3:0.

Олимпискиот факел ќе патува низ Рио три дена и во петок ќе пристигне на стадионот Маракана каде ќе бидат отворени 28-мите по ред Летни олимписки игри.

XS
SM
MD
LG