Третиот ден на Олимпските игри во Рио е посветен на дебитантите. Планирани се настани од гимнастика, пливање, џудо, женско рагби и други дисциплини.
Џудистката од Косово Мајлинда Келменди освои златен медал во категорија од 52 килограми, донесувајќи го првиот олимписки медал за Косово. Косово, која стана држава во 2014-та година, е 100-та држава да освои златен медал.
Ибтихај Мухамад, прв олимпијец од САД, се натпреаваруваше покриена со „хаџиб“. Таа е рангирана втора во Америка и 12-та на светско ниво.
Четири женски тимови ќе се натпреваруваат за златен медал во рагби, меѓу кои Канада, Британија, Австралија и Нов Зеланд.
Пливачката легенда Мајкл Фелпс го освои 19-то злато, а српскиот тенисер Новак Џоковиќ испадна од трката за освојување злато.