Циркусот „Ринглинг брадерс-Барнум енд Бејли“, којшто беше најавуван како „Најголемото шоу на планетата Земја“, синоќа во близина на Њујорк настапи за последен пат, по 146-годишно постоење.
Матичната компанија на циркусот, „Филд ентертеимент“ го најави затворањето во јануари, наведувајќи дека дивите животни, акробатите, кловновите и други акти, не можат да ја издржат конкуренцијата на 21-от век, предводена од „паметните“ телефони, интернетот и видео-игрите.
Продажбата на билетите за шоуто почна да опаѓа кога циркусот во мај 2016-та ги отстрани слоновите, по повеќетодишните протести од активисти за заштита на правата на животните. Тие тврдеа дека принудувањето на животните да се извршуваат вакви активности и да се транспортираат ширум земјата, претставува злоупотреба.
Facebook Forum