За време на престојот тој оствари средба со државниот врв. На средбите меѓу другото станало збор и за евроатлантската интеграција на Македонија и состојбата во регионот.
Во однос на евроатлантската интеграција на Република Македонија, биле истакнати чекорите кои се преземаат во повеќе сфери за унапредување на процесите и стандардите, со осврт на унапредување на политичкиот дијалог во земјата. Исто така била истакната посветеноста и одговорниот пристап за надминување на предизвиците на надворешно-политички план, се вели во соопштението од владата на Македонија.
Во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов по повод средбата со Рикер се вели дека биле потврдени партнерските односи меѓу Македонија и САД, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката.
Претседателот Иванов на средбата подвлекол дека главен приоритет на Македонија останува почеток на преговорите за членство во ЕУ и реализирање на поканата за членство во НАТО. За реализирање на овие цели, било констатирано дека двете земји ќе продолжат тесно да соработуваат.