Линкови за пристапност

Нова експлозија на нафтена платформа во Заливот на Мексико


Нова експлозија на нафтена платформа во Заливот на Мексико
Нова експлозија на нафтена платформа во Заливот на Мексико

Крајбрежната гарда вели дека објектот активно не произведувал нафта и дека дамката не мора да значи сериозен проблем

Американската Кајбрежната гарда кажа дека експлозијата се случила рано во четвртокот на околу 145 километри јужно од Вермилион Беј, по должина на брегот на Луизијана. Дамка од излеана нафта може да се види како се шири од местото на платформата што гори. Но, Крајбрежната гарда вели дека објектот активно не произведувал нафта и дека дамката не мора да значи сериозен проблем.

Портпаролот на Белата куќа кажа дека владата има средства за реагирање доколку биде потребно.

Претставник на Крајбрежната стража рече дека сите 13 членови на екипажот од платформата биле спасени од вода.

Платформа дадена на користење од нафтениот гигант БП експлодира во Заливот во април, убивајќи 11 лица и предизвикувајќи една од најголемите изливи на нафта во американската историја.

XS
SM
MD
LG