Линкови за пристапност

Профил на Рик Пери - номиниран на функцијата секретар за енергетика


Пери е долгогодишен гувернер на Тексас

Рик Пери по дипломирањето во 1972-та, станал офицер во американската авијација и во февруари 1974-та, ја завршил пилотската обука.

Авијацијата ја напуштил во 1977-та година со ранг капетан, се вратил во Тексас и заедно со неговиот татко почнал бизнис на одгледување на памук.

Во политиката Пери се вклучил во 1984-та, и тоа како демократ, кога бил избран во Претставничкиот дом на Тексас.

На 29-ти септември, 1989-та година тој соопштил дека ги менува партиските редови и станал републиканец. Една година подоцна станал комесар за земјоделство на Тексас и на функцијата бил два мандата. Во 1998-та година Пери се кандидирал на функцијата заменик-гувернер и победил.

Две години подоцна, или на 21-ви декември, 2000-та, станал гувернер на Тексас, веднаш по оставката на Џорџ В. Буш, кој се подготвувал да се кандидира за претседател. Потоа, Пери бил реизбран на гувернерската функција во 2002-та, 2006-та и 2010-та година.

Во 2012-та и 2016-та беше претседателски кандидат од редовите на Републиканската партија, но на крајот не ја доби номинацијата.

Од февруари, 2015-та, Пери е дел од одборот директори на компанијата „Енерџи трансфер партнерс“ (Energy Transfer Partners), која е сопственик и оператор на едни од најголемите портфолија на енергетски резерви во САД. Компанијата е сопственик на 62.500 милји на нафтоводи и гасоводи и во моментов е вклучена во конструкцијата на контроверзниот нафтовод во Дакота (Dakota Access Pipeline).

XS
SM
MD
LG