Американски конгресни претставници велат дека писмо испратено до републиканскиот сенатор Роџер Викер (од јужната држава Мисисипи) било тестирано позитивно за смртоносниот отров рицин.
Писмото било најдено во објект низ кој минува пошта испратена до американскиот Капитол. Официјални лица велат дека се покажал позитивен резултат во три одвоени тестови. Писмото имало поштенски жиг Мемфис, Тенеси, лоциран во близина на границата со Мисисипи.
Викер издал соопштение заблагодарувајќи се на спроведувачите на законот за нивната работа во грижа за безбедноста на законодавците.
Полицијата на американскиот Капитол вели дека започнала истрага заедно со ФБИ за инцидентот.
Рицин и претходно беше најден во поштата на американскиот Сенат, во 2004, заради што објектот привремено беше затворен . Рицинот е многу отровен, само мала капка е смртоносна за возрасен човек.