Линкови за пристапност

Кои се најбогатите луѓе во САД?


bezos
bezos

Патот до богатство во САД може да води по многу патеки

Богатството на Џеф Безос, сопственикот на Амазон, се проценува на 132 милјарди, до кои стигна преку бизнис основан пред само 25 години. Благодарение на неговиот мамутски онлајн пазар, Безос не е само најбогатиот жител на Вашингтон, туку е и најбогат човек во Америка.

Најбогат жител на Небраска е бизнисменот Ворен Бафет. Тој е и втор најбогат човек во целата држава. Како Бафет успеа да акумулира толку многу пари? Преку неговата компанија, Berkshire Hathaway, која поседува некои од познатите американски компании како GEICO, Fruit of the Loom и Dairy Queen. Бафет поседува и акции во Heinz, Apple и American Express.

Марк Цукерберг е најбогатиот жител на Калифорнија, трета нација по богатство.

Тој го напуштил Харвард и ја основал својата социјална мрежа Facebook. Подоцна ги купи Instagram и интернационално популарната комуникациска апликација Whatsapp.

Голем број од богатите луѓе во САД го наследиле нивното богатство.

Тоа е случај со најбогатите луѓе во Арканзас и Тексас. Џим и Алис Валтон се брат и сестра. Тие се деца на Сем Валтон, еден од основачите на Валмарт, најголемиот малопродажник во светот.

Хеирес Жаклин Марс е на врвот во Вирџинија. Таа е ќерка и внука на основачите на американската компанија за чоколада Марс.

Истражувањето го направи Форбс, по што веб страницата за кариерен развој Zippia изработи мапа за најбогатите луѓе во 2018 година во секоја држава. Како изгледа тоа може да погледнете на следниот линк:[https://www.zippia.com/advice/wealthiest-people-in-america/]

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG