Линкови за пристапност

Рајс во посета на Карзаи

Средбата доаѓа среде неизвесноста за иднината на американските трупи во Авганистан

Советничката за национална безбедност Сузан Рајс е во Авганистан, каде ќе се сретне со претседателот Хамид Карзаи во понеделник, среде неизвесноста за иднината на американските трупи во земјата.

Портпаролот Патрик Вентрел го потврди патувањето, што е прво на Рајс надвор од САД откако е на функцијата, додавајќи дека средбата е додадена на нејзиното „патување низ државата“ во посета на американските трупи, стручњаци за развој и дипломати.

Во недела, Карзаи ги игнорираше препораките од големото собрание на државата, или Лоја Џирга, веднаш да го потпише новиот билатерален безбедносен договор со САД.
This item is part of
XS
SM
MD
LG