Тројца американски сенатори ги повторија критиките за американската амбасадорка во ОН Сузан Рајсза нејзините забелешки во врска со нападот на американскиот конзулат во Бенгази, Либија, од септември.
Републиканците Џон Мекејн од Аризона, Линдзи Грем од Јужна Каролина и Кели Ајот од Њу Хемпшир кажаа дека се позагрижени сега, откако се сретнале со Рајс зад затворени врати.
Тројцата законодавци кажаа дека Рајс на американската публика и` дала погрешни информации за нападот во кој е убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и тројца други Американци.
Пет дена по нападот, Рајс кажа на американската телевизија дека иницијалната проценка на разузнавањето упатува на спонтани демонстрации кои привлекле тешко вооружени милитанти. Таа кажа дека демонстрациите кои претходеле на нападот биле испровоцирани од анти-исламското видео направено во САД. Таа рече дека нејзина „најдобра проценка“ е дека нападот не бил планиран.
Американското разузнавање подоцна му кажа на Конгресот дека администрацијата на Обама знаела неколку дена пред изјавата на Рајс дека тоа било терористички напад.