Линкови за пристапност

Рајс: Македонија е подготвена за НАТО


НАТО мора да биде отворен за сите европски демократски земји кои сакаат членство, вели поранешната државна секретарка.

Поранешната американска државна секретарка Кондолза Рајс смета дека Македонија е подготвена за НАТО.

„Работев напорно на решавање на македонското прашање за името, знам дека луѓето се` уште се обидуваат да го решат и најверојатно ќе биде решено. Но, јас сум потполно за интеграција на сите европски држави кои се подготвени, а ми се чини дека Македонија е подготвена“, кажа Рајс на тркалезна маса за американската надворешна политика во Фондацијата Херитиџ, на прашање на претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Методија Колоски.

Рајс смета дека НАТО мора да остане отворен за сите европски демократски земји кои сакаат членство, бидејќи, како што потенцираше, НАТО не е замислен да биде ексклузивен клуб, туку колективен безбедносен механизам за демократиите.

XS
SM
MD
LG