Линкови за пристапност

Гејтс во посета на Авганистан


Гејтс во посета на Авганистан
Гејтс во посета на Авганистан

Американски официјални лица велат дека фокус на патувањето е подготовката за пренос на безбедносните одговорности на авганистанските сили, што треба да започне во јули.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во понеделник пристигна во авганистанскиот главен град Кабул.

Гејтс ќе посети неколку области каде властите велат дека авганистанските трупи играат поголема улога во воените операции и почнува да се чувствува делувањето на нови локални полициски единици.

Гејтс ќе се сретне и со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и високи американски и НАТО команданти.

Патувањето на секретарот за одбрана во Авганистан доаѓа во време на затегнати односи на јужноазиската адржава и САД, по убиството по грешка на девет авганистански момчиња за време на воздушен напад на НАТО во северноисточната провинција Кунар минатиот вторник.

Претседателот Карзаи во недела му рекол на генералот Дејвид Петреус, командант на НАТО силите предводени од САД во Авганистан, дека неговото извинување за смртта на момчињата „ не е доволно“.

Авганистанскиот лидер кажал дека цивилни жртви кои резултираат од воените операции на НАТО „веќе не се прифатливи“.

XS
SM
MD
LG