Линкови за пристапност

50 години по смртта на Роберт Кенеди, поделбите остануваат


На шести јуни, 1968-та година целите на Кенеди завршија трагично

Педесет години по смртта на Роберт Ф. Кенеди, американското општество се` уште ги чувствува раните од овој трагичен настан, кој засекогаш ја промени политичката клима во САД.

1968-та година беше многу турболентна - шок од ескалирање на војната во Виетнам, расни немири и убиство на лидерот за човекови права Мартин Лутер Кинг.

Историчарот Дејвид Несо вели дека тие што ја преживеале 1968-та, ја паметат како ноќна мора.

Оваа година во јуни, беше убиен и Роберт Кенеди, два месеца откако ја најави неговата кандидатура за претседател.

„Не влегувам во трка за претседател за да му се спротивставам на кој било, туку за да предложам нови политики“, рече тогашниот сенатор Кенеди.

Кенеди го предводеше бранот на промени – славење на човековите права, борба против сиромаштијата и јавно говорење против Виетнамската војна.

„Се надевам дека двете страни ќе одлучат да го прекинат убивањето што е можно поскоро“, рече Кенеди.

На шести јуни, 1968-та година целите на Кенеди завршија трагично.

„Со неговото убиство умре и дел од надежта за иднината. Многу млади луѓе, кои веќе не се млади, чувствуваат дека им е одземена ветената земја. Меѓу нив се и белци, и црнци, кои веруваа во промени“, рече Несо.

Републиканецот Ричард Никсон беше следниот претседател на САД, а Виетнамската војна траеше уште седум години.

Возот со телото на Кенеди, кој патуваше кон главниот град Вашингтон, го поздравија преку два милиона граѓани.

Историчарот на ова гледа како момент на единство, но, политичките и социјалните разлики, против кои се бореше Кенеди продолжија години подоцна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG