Линкови за пристапност

Ретка посета на претставници на ЕУ во Кина за обновување на односите


Очекувањата за подобрување на односите меѓу двете страни се големи, вклучувајќи ја и позицијата на Кина како врвен трговски партнер на ЕУ
Очекувањата за подобрување на односите меѓу двете страни се големи, вклучувајќи ја и позицијата на Кина како врвен трговски партнер на ЕУ

ПЕКИНГ - Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската Комисија Урсула фор дер Лајен пристигнаа во Кина на тридневна посета чија цел е да разговараат за трговијата, човековите права и за Украина со претседателот Си Џипинг, во услови кога се сè поблиски односите меѓу Пекинг и Москва.

Макрон за време на собир со француската заедница во Пекинг рече дека односите на Кина со Русија значи дека таа „може да одигра голема улога“ во воспоставувањето мир во Украина.

Посетата на Макрон во Кина е прва по 2019 година, а на Фон дер Лајен прва воопшто како шефица на ЕК. Аналитичарите и официјалните лица ги минимизираа очекувањата за некој голем исход, иако тие најверојатно ќе ја поттикнат Кина да ја ограничи својата поддршка за руската инвазија на Украина.

„Според мене, многу се работи за повторен ангажман“, рече Тара Варма, соработник во Институтот Брукингс во Вашингтон, која е специјализиран за индо-пацифички прашања.

Се очекува Макрон и Фон дер Лајен утре да разговараат со кинескиот претседател Си Џипинг.

Посетата има за цел да го претстави заедничкиот европски фронт кон Кина, велат аналитичарите, во услови на растечко триење на неколку фронтови. Очекувањата за подобрување на односите меѓу двете страни се големи, вклучувајќи ја и позицијата на Кина како врвен трговски партнер на ЕУ.

Во неодамнешниот говор кои кинеските власти го критикуваа, фон ред Лајен го предупреди Пекинг да не ѝ дава директна поддршка на Москва во војната со Украина и ги опиша односите меѓу ЕУ и Кина како „подалечни и потешки.“

Дел од информациите за овој извештај се од Агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG