Линкови за пристапност

Рестрикции и прислушувања: Како е да се биде странски новинар во Северна Кореја?


Северна Кореја е една од најзатворените земји, особено за странски медиуми. Но, на првата уредничка на американска новинска канцеларија во Пјонгјанг Џин Ли, известувањата од внатрешноста на земјата ѝ помогнале подобро да ја разбере државата. Известува: Лиам Скот.

Пјонгјанг, Северна Кореја. Малкумина од Западот имале шанса да ја посетат затворената земја, а уште помалку да работат таму.

Но, за дописничката од странство Џин Ли, Пјонгјанг на некој начин ѝ станал втор дом, откако нејзините претпоставени во Асошиетед прес ѝ дале навидум невозможна задача: да отвори канцеларија во земја која Западот го гледа како непријател.

Искуствата на Американска новинарка во Северна Кореја
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

„Јас само помислив како би било возможно да го направам ова. Не можам да добијам ниту виза како американски новинар за да влезам во Северна Кореја“, вели новинарката Џин Ли.

Канцеларијата била отворена во 2012 година. И во следните три години, Ли редовно патувала во Северна Кореја, престојувајќи околу еден месец одеднаш.

Како шефица на првата американска новинска канцеларија во Пјонгјанг, Ли вели дека било клучно да се пресели таму.

„За да можам да имам навистина искрени разговори и да добијам смисла за тоа како тие навистина размислуваат, што навистина сакаат, кои се како луѓе, настрана од театарската презентација на која се навикнати“, додава Ли.

Тоа било тежок неуспех. Зимите биле брутални. Имало рестрикции на струја. Храната и водата често биле загадени, а прислушувањето било редовно.

„Се наоѓате во центарот на психолошка војна. Вие сте цел на тоа. Ние како Американци не сме обучени или искусни да ја препознаеме. Исто како и надзорот и пропагандата“, објаснува новинарката.

Северна Кореја често користи ракетни тестови за да испрати пораки до меѓународната заедница.

И Тревис Кинг, американски војник кој ја премина демилитаризираната зона во јули, исто така ја зацврсти земјата на светската агенда. Но, со ограничени медиуми, Северна Кореја може да го контролира наративот.

„Ако тој е таму по своја слободна волја и навистина сака да соработува со Севернокорејците, тој ќе го направи тоа. Ова ќе биде употребено како пропагандно средство, но не пред да биде подложен на многу строга истрага и испрашување“, вели Грег Скарлато од Комитетот за човекови права во Северна Кореја.

Ли сега е во Вашингтон, каде што е ководителка на подкаст на Би-Би-Си, кој го истражува севернокорејскиот сајберкриминал.

Инспирацијата што ја однела во Северна Кореја - да раскажува за животите на луѓе кои ретко имаат глас - е силна како отсекогаш.

„Иако она што го гледаме е многу програмирано и има за цел да пренесе единство, тие се лица што ја изразуваат нивната индивидуалност на различни начини“, вели Ли.

Но, со оглед на тоа што Северна Кореја е во нова ера на изолација, а пристапот за странските медиуми е ограничен, Ли вели дека ќе биде уште потешко за меѓународната заедница целосно да ја разбере земјата.

XS
SM
MD
LG