Линкови за пристапност

Студија за транспарентност за природните ресурси


Извештајот на Институтот за следење на профит вели дека 80 проценти од државите немаат јавно достапни информации за природните богатства.

Нова студија вели дека помалку од 20 проценти од државите богати со нафта, гас и минерали задоволително одговараат на стандардите за транспарентност и одговорност.

Извештајот на Институтот за следење на профит објавен во среда кажа дека животите на над милијарда граѓани во светот би можеле да бидат трансформирани доколку нивните влади подобро раководат со природните ресурси.

Само 11 од 58 држави во Индексот за управување со ресурсите на групата со седиште во Њујорк се најдени за „отворени и одговорни“. Кај другите, извештајот вели дека „криење, корупција и слаби процеси ги држat граѓаните од целосно уживање на благодетите од природното богатство на нивните држави“.

Најлошо е рангирана Бурма, која добила оценка од само 4 поени на скала од 100. Извештајот вели дека таму речиси нема јавна информација за рсурсите на државата.

Најтранспарентна е Норвешка, со 92 поени, а САД се втори, со 92.
XS
SM
MD
LG