Линкови за пристапност

Историјата на глобалното затоплување


Истражување утврдило дека климата на Земјата денес е потопла од поголемиот дел од претходните 11.300 години.

Според обемно истражување на климатски податоци, на Земјата денес е потполо отколку во поголемиот дел на претходните 11.300 години.

Научниците од Универзитете на Орегон и Харвард ги анализирале примероците на мраз и седименти од почвата земени од 73 места во светот, во обид да ја реконструираат температурата што владеела во минатото.

Палеоклиматологот Шон Маркот од Универзитетот на Орегон, кој е главен научник во истражувањето, вели дека досегашните истражувања на историјата на климата главно се фокусирале на последните 2.000 години, како и дека најновото ги става климатските промени во многу поширок и долгорочен контекст.

Истражувањето, објавено во журналот Наука, ги разгледува температурните варијации во текот на релативно топол период од историјата на Земјата, познат како Холоцен, што започнал по крајот на последното Ледено доба и продолжува низ човековата историја, се` до денешен ден.

Научниците веруваат дека промена во орбитата на Земјата пред околу 12.000 години постепено ја зголемила радијацијата од Сонцето и помогнала во трендот на покачување на температурата за еден степен Целзисуов. По околу 6.000 години, планетата започнала да се лади, се` до пред 200 години, кога температурата почнала константно да расте.

Според истражувањето, деценијата од 2000-та до 2009-та е една од најтоплите откако се водат метеоролошки податоци. Иако сегашните температури не ги достигнале нивоата на раниот Холоцен, истражувачите веруваат дека тие се движат во таа насока и проценуваат дека до крајот на веков, просечната температура на воздухот ќе се накачува за два до пет степени Целизиусови, со што температурите би биле највисоки досега последниве 11.300 години.

Маркот и колегите истакнуваат дека она што го одвојува денешното затоплување од историскте трендови е неговата ненадејност. Стапката на температурните промени последниве 150 години, значи од почетокот на испуштањето на штетни гасови, поврзано со индустриската револуција, е поголема од сите други промени забележани во периодот на Холоцен.
XS
SM
MD
LG