Линкови за пристапност

Републиканецот Кевин Мекарти поднесе оставка


ЛОС АНЏЕЛЕС (АП) - Два месеци по неговото соборување од функцијата претседател на Претставничкиот дом, републиканскиот пратеник Кевин Мекарти од Калифорнија денес објави дека се повлекува од своето конгресно место и дека ќе замине до крајот на годината.

Мекарти е единствениот кој во историјата на Домот бил изгласан и за кратко време ја напуштил функцијата.

„Без разлика на шансите или личните мотиви, ја направивме вистинската работа“, напиша Мекарти во авторски текст во Вол Стрит Журнал, објавувајќи ја својата одлука.

„Во овој дух решив да го напуштам Домот на крајот на оваа година за да и служам на Америка на нови начини“, напиша тој.

Најавата на Мекарти се очекуваше, неколку дена пред крајниот рок за поднесување барање за реизбор. Но, неговата одлука за неговото заминување ќе го остави мнозинството на републиканците во Претставничкиот дом помало и со само неколку резервни места.

Неговиот престанок со работата од највисокото место во Домот беше поттикнат од поплаките на цврсто десничарското крило на неговата партија, вклучително и поради неговата одлука да соработува со демократите за да ја задржи федералната влада отворена наместо да ризикува затворање.

XS
SM
MD
LG