Линкови за пристапност

Републиканците пред Врховниот суд на САД го изгубија спорот за изборните мапи на Северна Каролина


Врховниот суд на Северна Каролина во февруари 2022 година ја поништи мапата и заклучи дека начинот бил намерно пристрасен против демократите, намалувајќи го нивното „фундаментално право на еднаква гласачка моќ“.
Врховниот суд на Северна Каролина во февруари 2022 година ја поништи мапата и заклучи дека начинот бил намерно пристрасен против демократите, намалувајќи го нивното „фундаментално право на еднаква гласачка моќ“.

Врховниот суд на САД денеска пресуди против обидот на републиканските пратеници од сојузната држава Северна Каролина да ја засилат моќта на политичарите на ниво на сојузната држва во однос на федералните избори.

Со оваа одлука се потврди пресудата на Врховниот суд на Северна Каролина од 2022 година, кога судиите одбија да ја прифатат некогаш маргинална правна теорија наречена доктрина „независен државен законодавен дом“ фаворизирана од конзервативците, која ја отстранува секоја улога на државните судови во регулирањето на претседателските и конгресни избори.

Правната теорија делумно се заснова во делови на Уставот на САД дека „времето, местата и начинот“ на федералните избори „ќе бидат пропишани во секоја држава од нејзиниот законодавен дом“.

Геримандеринг е практика која вклучува манипулација со границите на изборните единици за да се маргинализира одреден збир на гласачи и да се зголеми влијанието на другите. Во овој случај, републиканците беа обвинети за партиски манипулации за маргинализирање на гласачката моќ на демократите

Законодавните области низ целата држава се прецртани за да ги одразат промените на населението документирани во националниот попис што го спроведува федералната влада секоја деценија. Законодавниот дом на Северна Каролина, контролиран од републиканците, усвои нова мапа на гласање по пописот на населението во САД во 2020 година.

Критичарите, правните научници, како и демократи, на ова дадоа опис како закана за американските демократски норми. Овие критичари рекоа дека примена ќе им овозможи на законодавните тела лесно да усвојат дополнителни ограничувања за гласање или да продолжат со екстремни партиски измами. Врховниот суд во 2019 година им забрани на федералните судии да го ограничат партиското злосторство.

Конзервативците и републиканските политичари донесоа нови закони и ограничувања во бројни држави за кои рекоа дека се насочени кон борба против измамата на гласачите. Овие напори се забрзаа како последица на лажните тврдења на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп дека изборите во 2020 година му биле украдени преку широко распространета гласачка измама.

Републиканците од Северна Каролина тврдат дека Уставот им дава на државните законодавни тела овалстување над изборните правила и врз мапите на изборните области, а не на други субјекти како што се државните судови. Според нив, државниот суд го узурпирал овластувањето на Генералното собрание на Северна Каролина според одредбата за регулирање на федералните избори.

По усвојувањето на мапата, законодавниот дом на Северна Каролина доби низа тужби, а меѓу нив и од демократски гласачи. Тужителите тврдека дека мапата ги прекршила одредбите на уставот на државата Северна Каролина во врска со слободните избори и слободата на собирање.

Врховниот суд на Северна Каролина во февруари 2022 година ја поништи мапата и заклучи дека тоа го намалило „фундаменталното право на еднаква гласачка моќ“ кај демократите. Потоа, понискиот, државен суд, усвои нова мапа нацртана од двопартиска група експерти, која беше на сила за изборите во ноември 2022 година.

XS
SM
MD
LG