Републиканската партија на САД во самокритичната оценка објавена во понеделник заклучува дека ги загубила националните избори минатата година заради тоа што американскиот електорат се` повеќе на републиканците гледа како на „надвор од реалноста“ или партија на „закоравени старци“.
Демократскиот претседател Барак Обама доби втор мандат на ноемвриските избори и демократите освоија места и во Сенатот и во Претставничкиот дом иако републиканците и натаму контролираат мнозинство во Претставничкиот дом. Ова беа петти претседателски избори за последните шест каде демократските кандидати победија со гласови на народот.
Со тој тренд, и истражувањата на јавно мислење кои покажуваат дека помладите и малцинствата се` повеќе се приклонуваат на демократските кандидати, националната Републиканска партија нарача длабочински поглед за тоа каде погрешиле.
Претседателот на партијата, Раинс Прибас кажа дека не е во прашање една причина, туку збир на недостатоци. Тој кажа дека партијата и претседателскиот кандидат Мит Ромни имале „слаба порака“ и слаба политичка оперативност, додека долгиот процес на номинирање и дебата се покажал контрапродуктивен и дека треба да се скрати.
Извештајот заклучува дека младите „се` повеќе превртуваат со очи“ за тоа што претставува партијата и многу малцинства погрешно мислат дека републиканците не ги сакаат или не ги сакаат во земјата. Кога некој така превртува со очи, нивните уши не се отворени за да не` слушаат“.
Меѓу другите работи, извештајот препорачува партијата да преземе маркетиншка кампања од 10 милиони долари насочена спрема малцинствата, жените и хомосексуалците, за да ги убеди дека имаат дом во партијата и дека републиканците со генерално поконзервативна политика може да биде во нивна корист.