Линкови за пристапност

Републиканците се судрија по прашањето на имиграцијата


На четвртата дебата на претседателските кандидати Трамп кажа дека сака депортација на илегалците, а Буш беше за нивно прифаќање.

Републиканските претседателски кандидати изразија поддршка за зајакнување на американската граница, за време на дебатата во вторникот навечер по прашања за имиграцијата, економијата и местото на државата во светот, но имаа различни мислења за тоа што да се стори со милионите илегални имигранти кои веќе живеат во САД.

Милијардерот Доналд Трамп кој во анкетите пред дебатата беше изедначен со неврохирургот Бен Карсон, изјави дека САД немаат избор освен да ги депортираат. „Ние сме држава во која владеат закони. Потребен ни е ѕид. Ќе го изградиме. Ако мислите дека тоа не функционира, прашајте го Израел“, побара Трамп.

Гувернерот на Тексас Тед Круз рече дека е возможно САД да ја прифатат легалната имиграција додека го спроведуваат владеењето на правото и дека „секоја суверена држава ги обезбедува своите граници“.

Гувернерот на Охајо Џон Касик и поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш изразија поинакво гледиште на оваа тема. За Касик, идејата за депортирање на илегалците е „смешна“, а Буш оцени дека со протерувањето на илегалните мигрантите многу семејства ќе бидат раздвоени и многу срца ќе бидат скршени, со што се заложи на илегалците да им се даде можност да стасаат до легален статус во земјата со текот на време.

Републиканските кандидати понудија различни ставови и за однесувањето на Русија на меѓународната сцена и начините како САД да се справат со влегувањето на Москва во конфликтот во Сирија

XS
SM
MD
LG