Линкови за пристапност

Републиканците ја објавија својата платформа за ноемвриските избори


Републиканците ја објавија својата платформа за ноемвриските избори
Републиканците ја објавија својата платформа за ноемвриските избори

Документот е насловен „Ветување до Америка“ и повикува на намалување на федералните трошоци на ниво од 2008 и укинување на здравствените реформи што ги постигна Барак Обама. Исто така се предлага замрзнување на вработување во федерална влада освен за безбедносен персонал.

Републиканците во американскиот Претставнички дом во четврток ќе го претстават кампањскиот документ во кој е содржана нивната агенда доколку ја добијат контролата врз Конгресот на ноемвриските делумни избори.

Документот е насловен „Ветување до Америка“ и повикува на намалување на федералните трошоци на ниво од 2008 и укинување на здравствените реформи што ги постигна Барак Обама. Исто така се предлага замрзнување на вработување во федерална влада освен за безбедносен персонал.

Лидерите на демократите од Претставничкиот дом веднаш го критикуваа планот велејќи дека со тоа ќе се влошат проблемите на нацијата.

Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси даде изјава велејќи дека републиканците сакаат да се вратат на, како што рече таа, „истата пропадната економска политика што им наштети на милиони Американци и и` се закани на американската економија“.

Анкети на јавното мислење покажуваат дека е веројатно републиканците да добијат повеќе места отколку што имаат сега – можеби доволно да ја преземат контролата на Претставничкиот дом или Сенатот од демократите на претседателот Обама.

XS
SM
MD
LG