Линкови за пристапност

Помалку учесници на следната дебата


На сцената следната недела нема да бидат републиканските претседателски кандидати Крис Кристи и Мајк Хакаби.

На четвртата републиканска претседателска дебата, што ќе се одржи следната недела во ударен телевизиски термин, ќе има помалку кандидати споредено со претходните, осум наместо досегашните десет.

Осумтемина поканети од организаторот телевизиската мрежа Фокс, се бизнисменот Доналд Трамп, неврохирургот Бен Карсон, сенаторот од Флорида Марко Рубио, сенаторот од Тексас Тед Круз, поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, бизнисменката Карли Фиорина, гувернерот на Охајо Џон Касик и сенаторот на Кентаки Ранд Пол.

Во меѓувреме, гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи и поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, кои беа на главната сцена на првите три дебати, сега се поместени на споредната дебата заради недоволна поддршка покажана на националните анкети.

Квалификација за ударните дебати е кандидатите да имаат најмалку 2,5 проценти поддршка на последните национални истражувања на јавно мислење, направени до 4-ти ноември. За споредната дебата кандидатите треба да имаат најмалку еден процент поддршка во секое од четирите истражувања.

XS
SM
MD
LG