Линкови за пристапност

Жестока републиканската претседателска дебата во Детроит


Кандидатите се ословуваа со погрдни зборови

Навредувајќи ги своите ривали со зборовите „Тед лажго“ и „малиот Марко“, Доналд Трамп се бранеше од интензивните напади од своите колеги, претседателски кандидати, на дебатата во четвртокот која покажа дека има длабоки знаци на поделба во Републиканската партија.

За време на дебатата, сенаторот на Флорида Марко Рубио, сенаторот на Тексас Тед Круз и гувернерот на Охајо Џон Касич, жестоко го напаѓаа биснисменот од Њујорк кој се чини цврсто маршира напред кон партиската номинација.

Дебатата, која се одржа во Детроит, беше придружена со извикувања, лични навреди и недолични забелешки што стана обележје на 2016 републиканската трка за претседател.

Бомбастичниот стил на Трамп и често екстремните позиции го оддалечија од јадрото на Републиканската партија.

Многу републикански законодавци и водечки личности на партијата изјавија дека никогаш нема да го поддржат Трамп, дури и тој да е кандидат, додека останатите почнаа да застануваат зад него.

На прашањето дали ќе го поддржат евентуалниот кандидат на републиканците, Круз, Касич и Рубио сите одговорија позитивно и покрај тоа што не се откажуваат од борбата против Трамп.

Не е јасно што лидерите на партиите можат да направат за да го запрат Трамп кој има предност и во националните анкети, а и по бројот на делегати потребни за обезбедување партиска номинација.

Трамп е единствениот кандидат од Републиканската партија кој е на пат да ги добие потребните 1.237 делегати, според добро почитуваниот Кук политички извештај.

XS
SM
MD
LG