Линкови за пристапност

Има напредок, но, Јавниот сервис уште му служи на ВМРО-ДПМНЕ


„Репортери без граници“ го објави најновиот извештај за слободата на медиумите во светот

Јавниот сервис продолжува да им служи на интересите на поранешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, се вели во најновиот извештај на „Репортери без граници“, според кој држвата бележи напредок и се наоѓа на 95 место по слободата на медиумите во светот.

„Иако ситуацијата се стабилизираше во 2018 година, новата Влада треба да го промени Законот за медиумите, нешто што го најави во 2017 година кога ја презеде власта“, се вели во извештајот кој, пак, ја рангира државата на последно место во регионот.

Во него се нагласува дека потребни се измени и на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, како и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

„Исто така е загрижувачки дека висок владин претставник има тенденција да им се заканува и да ги навредува новинарите“, стои во извештајот.

Сепак, извештајот потенцира дека е направен прогрес во однос на безбедноста на новинарите, односно во 2018 година бројот на напади врз новинарите бил една третина од бројот на напади претходната година.

Но, културата за неказнување е непроменета, односно истражени и решени се само два од 59 случаи на напади изминативе години, забележува извештајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG