Линкови за пристапност

ЗНМ ќе бара од Владата реформи во медиумите


Реформи во новинарството
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Приоритет ќе биде да се спречи насилството врз новинарите, вели претседателот на ЗНМ Насер Селмани

Новинарите во Македонија очекуваат новата Влада да им овозможи подобрување на новинарските слободи и права.

За таа цел, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најави дека наскоро ќе почне преговори со Владата.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, за Гласот на Америка, вели дека ќе бараат реформи кои суштински ќе ја подобрат состојбата на медиумите во државата

„Најприоритетно и итно за нас е да престане насилството врз новинарите. Тоа нема да се случи се додека институциите не ги казнуваат оние кои напаѓаат. На тој начин, ќе ја тестираме политичката волја на новата Влада, дали искрено ќе се заложи да ги заштити слободата на говорот и слободата на медиумите“, вели Селмани.

Тој вели дека мора да престане мешањето на Владата и на другите јавни институции во финансирање на медиумите.

„Со тоа се прави упад во пазарот и се загрозува независноста на медиумите.Наместо коруптивна форма на финансирање на медиумите, ние ќе предложиме субвенционирање на медиумите, по пример на моделите кои се присутни во Европа“, рече тој.

Новинарот Симон Илиески вели дека паралелно со создавањето на демократски и слободен амбиент, треба да се одвиваат процесите и за реформи во медиумите

„Во тој процес треба да биде вклучена и медиумската заедница, за да се направи одреден баланс меѓу сопствениците на медиумите и почитувањето на професионалните стандарди“, вели Илиески.

Со сличен став е и универзитетскиот професор и медиумски експерт Алберт Хани, кој смета дека тоа нема да биде лесно.

„Треба да се елиминира и неправдата која што е нанесена врз новинарите, во однос на ограничувањето на говорот на изразување, особено да се придонесе кон ослободување од стравот дека новинарите не смеат и не треба да објават информации, кои што ги загрозуваат интересите на големите функционери“, вели Хани.

Соговорниците велат дека се непходни итни реформи и во Јавниот сервис-МТВ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG