Американскиот Стејт департмент го објави годишниот извештај за верските слободи во 2016-та година.
Во делот за Македонија стои дека верски групи пријавиле владино фаворизирање на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, нагласувајќи дека случајот за перење пари, во кој бил инволвиран врвот на Охридската архиепископија, бил двапати одложен.
Во извештајот стои дека Архиепископијата, која не можела да биде регистрирана како религиозен ентитет, кажала дека Владата ги дискриминира.
Муслиманската заедница известила дека Владата не дала дозвола за изградба или обнова на џамии.
Најголемата муслиманска група во државата, Исламската верска заедница, повторила дека Владата продолжила со незаконско прислушување на нејзините лидери.
Американскиот амбасадор и други претставници на амбасадата, се сретнале со владини и параламентарни претставници, верски заедници и организации од граѓанското општество, со кои дискутирале за прашања поврзани со верската слобода, стои во годишниот извештај.
Извешатјот се поднесува до американскиот Конгрес, во поддршка на верските слободи и права на граѓаните во светот, за кои САД се голем поборник.
Facebook Forum