Линкови за пристапност

Катица Јанева изведена пред судија во Кривичен суд


Приведена Катица Јанева, претреси во нејзиниот дом и во СЈО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:30 0:00

Обвинителството соопшти дека има цврсти докази и оти ќе бара триесетдневен притвор

Катица Јанева утрово е приведена во рамки на истрагата „Рекет“, под сомнение дека соработувала со двоецот рекетари Бојан Јовановски и Зоран Милевски, и учествувала во изнудата на 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ на СЈО.

Обвинителство соопшти дека има цврсти докази против Јанева, и оти ќе бара триесетдневен притвор.

Претходно во нејзиниот дом во скопската населба Козле беше извршен претрес и одземен доказен материјал. Претрес беше напарвен и во нејзината канцеларија во СЈО и во домот во Гевгелија.

Таа сега е изведена пред судија на претходна постпка во скопскиот Кривичен суд, кој треба да одлучи дали ќе и` одреди притвор.

Според официјалните информации од Обвинителството, Јанева добила подарок мебел вреден околу 300 иллади денари од еден од притворените во случајот „Рекет“.

Таа неколку пати учествувала во разговорите меѓу Камчев и Јовановски преку спикерфон, и донела спорни одлуки во истрагата за „Империја“, кои веќе биле најавени од Јовановски.

Од Обвинителството соопштија дека засега немаат информации каде се парите земени од бизнисменот Камчев и дали тој се наоѓа во државата.

Засега нема други осомнинчени лица опфатени во истрагата, ниту пак какви било индиции дека во скандалот „Рекет“ се вмешани политичари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG