СКОПЈЕ – Домаќинствата кои успеваат да ја задржат потрошувачката на електрична енергија пред се во првиот а потоа и во вториот тарифен блок од 1 јануари ќе добиваат за нијанса пониски сметки за струја. Оние домаќинства пак чија потрошувача влегува и во третиот и четвртиот тарифен блок, ќе маат овисоки сметки.
Регулторната комисија денеска ги соопшти цените на електричната енергија кои ќе важат за домачинствата од почетокот на идната година.
Цената на евтината тарифа останува иста, цената на струјата во првиот блок се намалува за 5,16 проценти, во вториот блок цената останува иста како и досега, во третиот блок има зголемување од 2,88 проценти а во четвртиот за 1,86 проценти.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски, изјави дека воведувањето на новиот концепт за пристап на мрежа односно 200 денари за сите домаќинства потрошувачи влијаел најмногу во формирањето на новите цени. Тој додаде дека сумата не го надминува одобрениот регулиран максимален приход кој ќе го има енергетската компанија „Електродистрибуција“.
„Во моментите кога го имплеметиравме надоместокот за пристап кон мрежа се водевме од темелната врендост во нашиот Устав, социјалната правда. Со воведувањето на овој пристап кон мрежа овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти и сето тоа ни овозможи да донесеме цени кои ги објавувме. Со новиот концепт, пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Сите потрошувачи, односно домаќинства ќе плаќаат 200 денари за пристап на мрежа. Дополнително потрошувачката на струја се намалува во земјата пред се поради поставувањето на фотоволтаици на домаќинства и компани. Не беше фер тој товар да го поднесат потрошувачите кои не поставиле фотоволтаици на своите кровови. Ова е правилен пристап според нашата институција“, рече Бислимоски.
Според Бислимовски, доколку не се воведел новиот концепт за наплата на мрежарина во првиот тарифен блок цената би се зголемила за 3,4 проценти, во вторит блок за 8,62 проценти, во третиот за 9,46 проценти и во четвртиот блок за 4,92 проценти а евтната тарифа би била поскапа за 15,42 проценти.
Според податоците со кои располага Регулаторната комисија во моментов кај 80 отсто од домаќинствата функционира евтината тарифа од 13 до 15 часот.