Линкови за пристапност

Курсеви за странски јазици и храна за бегалците

  • Синиша Станковиќ

Ова е потребно, со цел да се подобри системот за згрижување на бегалците, рече министерот за труд и социјала Ибрахим Ибрахими, на денешната работилница во Скопје

„Ова е начин да се согледаат сите добри, но и лоши страни од изминатиот период. Она што е добро да најдеме механизми да го подобриме, а лошото да го поправиме и да не дозволиме грешките да се повторат“, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, на денешната работилница за беглаците.

Ибрахими, меѓу другото, истакна:

„Концептот за обезбедување еднократна хуманитарна помош за бегалците и мигрантите, основна здравствена помош и решавање на специфичните случаи од социјална заштита, како на пример, заштита на непридружувани малолетници, значително се промени со затворање на границите на таканаречената Балканска рута. Поради овие причини, и одговорот кон згрижувањето и давањето заштита на другите мигранти, беше предизвик за институциите“, рече Ибрахими.

Тој нагласи дека е потребно да се овозможи нивно вклучување во образовниот систем, соодветни курсеви за странски јазици и храна.

На работилницата беше истакнато и дека сите надлежни државни институции за справување со бегалската и мигрантската криза, како и меѓународните организации и граѓанскиот сектор, треба да направат заедничка анализа за да го подобрат системот на згрижување на бегалците и на мигрантите.

Според презентираните податоци, за петнаесет месеци во периодот од 2015-та до 2016-та година, низ Македонија транзитирале 800.000 бегалци и мигранти кон земјите од Западна Европа.

Eлспет Ериксон од УНИЦЕФ вели дека во изминатите две години биле воведени нови практики за справување со кризата.

„Во текот на тој период, 120.000 деца-мигранти поминаа низ Македонија, и ние им помогнавме на нивниот пат. Досегашните искуства ќе овозможат да се создаде систем за помош на деца, кои потенцијално би биле дел од некој нов бегалски бран“, рече Ериксон.

Во моментов, во Македонија престојуваат околу 100-тина мигранти во прифатните центри во Гевгелија и во Табановце, а триесетина лица кои побарале азил, се сместени во Центарот за азил во Визбегово.

Работилница со наслов „Научени лекции и одговор на хуманитарните потреби во бегалската и мигрантската криза во Република Македонија“, ја организираше Министерството за труд и социјална политика, со цел размена на искуства и унапредување на системот за заштита на мигрантите и бегалците во иднина.

XS
SM
MD
LG