Линкови за пристапност

ЕУ: Казни за членките кои нема да прифатат бегалци


160.000 бегалци во моментот се наоѓаат во Грција и Италија

Ако некои земји членки на Европската унија не ги прифатат предвидените квоти за бегалци, следниот месец можат да се соочат со последици, кажа потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

Зборувајќи на прес-конференција, Тимерманс кажа дека тој се` уште се надева дека со притисок може да бидат убедени лидерите на европските нации да прифатат дел од 160.000 бегалци кои во моментот се наоѓаат во Грција и Италија. Тој не ја отфрли можноста за изрекување на казна за земјите кои нема да направат прогрес по прашањето до следниот месец. Комисијата, може да започне со процедурите, и се разбира ние размислуваме за тоа, кажа тој.

Тимерманс, вели, дека не е правично за земјите како Италија и Грција да бидат преоптоварени, додека други не прифаќаат бегалци.

До септември помеѓу земјите на Европската унија треба да бидат прераспоредени околу 160.000 бегалци. Досега од двете медитерански земји, се преземени само 12.000.

Европската унија постигна договор за квоти во септември 2015-та година, по неколкумесечните преговори, и покрај силното противење на неколку земји од Централна Европа, кои на договорот гледаат како на акт насочен против нивниот суверенитет.

XS
SM
MD
LG