Успешен референдум е единстевно решение за Македонија, вели Чарлс Купчан, професор по меѓународни односи на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.
Според него, референдумот ќе мора да се повтори во случај да пропадне на 30-ти септември.
„Ако пропадне референдумот ќе треба да се повтори следната година или таа по неа, затоа што тоа е правилно да се направи. Македонија знае каде ќе ја однесе овој пат, ако ги погледне Хрватска и Словенија. Прашањето е кога е подготвена да тргне во таа насока“, вели Купчан.
Тој нагласува дека перспективата на Македонија за членство во НАТО Алијансата е клучна од три основи причини.
Првата, вели тој, е што ќе се стави крај на прашањето за името, што е проблем за државата и регионот со години.
„Втора причина е тоа што ќе и` даде на Македонија место во трансатлантската заедница, која ќе ги стабилизира политиката и геоположбата на државата. Трето, гледајте низ призмата на последните години по падот на Берлинскиот ѕид, и ќе видите дека државите кои се приклучиле кон НАТО и ЕУ генерално завршиле добро“, објаснува тој.
Купчан смета дека референдумот нема да пропадне, и покрај многуте опозициски гласови во државата, како и надворешното влијание од Русија.
„Русија е многу добра со манипулација на социјалните медиуми. `Русија денес` и `Спутник` се многу ефективни алатки на руската пропаганда. Ние треба да возвратиме со слободни медиуми и пренесување на демократските идеи, како владеење на правото и поделба на партијата од државата“, вели Купчан.
Под претпставка 30-ти семптември за заврши успешно, играта не е завршена, рече тој.
Додава дека државата треба да се посвети на реформите за справување со корупција, владеење на правото и слобода на медиумите.
Facebook Forum