Линкови за пристапност

Реакции по референдумот на ирачките Курди


Иако изјаснувањето не е обврзувачко, ирачкиот парламент бара испраќање трупи во регионот, но премиерот претпочита да се почека

Ирак презема дејства за казнување на гласачите во курдскиот регион, заради одржувањето на референдумот за независност, заканувајќи се дека ќе го затворат воздушниот простор и ќе се придружат на Турција во воените вежби.

Иако Курдите прославуваат победа, ирачкиот парламент од премиерот Хајдер ал-Абади побара да испрати трупи во курдскиот регион Киркук, и да ја преземе контролата врз профитабилните нафтени полиња.

„Ќе наметнеме федерална власт врз сите територии на Ирак, вклучително и курдскиот регион, со силата на Уставот и законот. Ова не е закана. Некои луѓе се заканија, некои употребија сила да се наметнат во овие региони. Ние ќе ги користиме Уставот и законите, и ќе ги изненадиме. Ќе зборуваме малку, но нашите постапки ќе зборуваат сами за себе“, изјави ал-Абади.

Референдумот не е обврзувачки, но е прв чекор во процесот што јасно води во таа насока, и покрај критиките од Ирак и неговите соседи – особено Иран и Турција, како и САД.

САД иако се спротивставуваат на референдумот, велат дека ирачките мерки не се „конструктивни“ во разрешување на ситуацијата.

Сенаторот Боб Коркер, републиканец од Тенеси, кој неодамна го посети регионот изјави дека бил разочаран од одлуката да се гласа, и покрај тоа што имало повици за одложување на референдумот. Тој се надева дека властите ќе се справат со ситуацијата на „внимателен и разумен начин“.

Споменатите држави референдумот го опишаа како дестабилизација во време кога сè уште трае борбата против милитантите на Исламската држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG