Линкови за пристапност

Рикер до Заев: САД ќе настојуваат Меѓувладината конференција со Северна Македонија да се одржи за време на германското претседателство


Пристапувањето во ЕУ останува наш клучен заеднички интерес, и ќе продолжиме да настојуваме со нашите европски партнери да се одржи Меѓувладината конференција со Северна Македонија за време на германското претседателство, вели помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер, во писмо до премиерот Зоран Заев.

„Ви пишувам да го споделам нашето разочарување што земјите - членки на ЕУ не успеаја да постигнат договор за одобрување на преговарачката рамка за Северна Македонија“, напиша Рикер во писмото.

Рикер рече дека „ве охрабруваме вас, и ЕУ членките, да продолжите да ги решавате билатералните спорови надвор од пристапниот процес за ЕУ, додека аспирантките, истовремено, напредуваат преку отворање и затворање на поглавјата“.

Тој нагласи дека САД се оптимисти оти Меѓувладината конференција, означувајќи го почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, ќе се одржи наскоро.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG