Влијателен американски рок музичар, Лу Рид, нашироко признат поет лауреат на темнината, жанр познат како панк рок, почина.
Агентот на Рид кажа дека 71-годишниот уметник, кој бил болен последниве месеци, починал во неделата во околината на Њујорк од компликации по неодамнешната трансплантација на црн дроб.
Неговите рани композиции со бендот Велвет андерграунд, биле фокусирани на њујоршки мрачни теми на зависност од дрога, секс и насилство. Критиката вели дека според имиџот му конкурира на Боб Дилан од 1960-те, радикално проширувајќи ги границите на лириката во теми кои никогаш порано не биле истражувани во популарната музика.
Рид имал само еден комерцијален хит, во 1972, Прошетка на дивата страна. Други песни популарни меѓу неговите следбеници се Хероин, Слатка Џејн и Сите утрешни забави.