Линкови за пристапност

Речиси 100 мртви во земјотрес во Тибет


Спасувачи ги префрлаат луѓето повредени во земјотресот во југозападна кинеска автономна област Тибет, 7 јануари 2025 година
Спасувачи ги префрлаат луѓето повредени во земјотресот во југозападна кинеска автономна област Тибет, 7 јануари 2025 година

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денес подножјето на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет, при што загинале најмалку 95 луѓе и урнаа стотици куќи, соопштија кинеските власти.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 80 километри северно од Монт Еверест. Беа погодени и згради во соседните Непал, Бутан и Индија.

Кинескиот центар за земјотреси го лоцираше епицентарот во округ познат како северна порта кон регионот на Еверест, на длабочина од 10 километри.

Американската геолошка служба соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степени.

Најмалку 95 лица се убиени, а 130 се повредени на тибетската страна, објави кинеската државна телевизија.

Нема извештаи за смртни случаи на друго место.

Далај Лама, духовниот водач на Тибет, кој побегна од својата татковина во 1959 година, откако таа беше преземена од Кина, рече дека е тажен.

„Ги упатувам моите желби за брзо закрепнување на сите кои се повредени“, се вели во пораката на нобеловецот за мир.

XS
SM
MD
LG