Линкови за пристапност

Половина Американци се` уште ги чувствуваат последиците од последната рецесија


Падот на вработеноста што се случи од декември 2007-мата до јуни 2009-тата година, беше поголем од која било друга рецесија што се случила последниве децении

Последиците од „Големата рецесија“ од 2007-ма до 2009-та година продолжуваат да се одразуваат врз американската економија и политиката.

Ново истражување покажува дека повеќе од половина (52 проценти) од Американците се` уште го чувствуваат влијанието на драматичната економска криза врз лични финансии. Речиси тројца од четири Американци (73 проценти) велат дека политичарите се виновни, според истражувањето спроведено од фирма „Морнинг Консалт“, компанија за истражување на пазарот. Исто толкав процент (72 отсто) ја обвинуваат банкарската индустрија.

Кај Американците од средната класа, се чини дека рецесијата се` уште има влијание врз нив. Дури 57 проценти кои заработуваат меѓу 50.000 и 100.000 долари годишно, велат дека сe` уште ги чувствуваат последиците. За оние кои имаат примања помалку од 50.000 долари, процентот е 51 отсто, но исто и 51 отсто од оние што заработуваа над 100.000 долари.

Понатаму, стапката на невработеност во декември 2007-ма година изнесуваше пет отсто, според податоците на Државниот завод за статистика на САД, до октомври 2009-тата година, порасна на 10 отсто.

„Падот на вработеноста што се случи во текот на рецесијата од декември 2007-мата до јуни 2009-тата година, беше поголем од која било друга рецесија што се случила последниве децении“, пишува во извештајот за ефектите од Големата рецесија.

И покрај растечката економија, сенката на Големата рецесија се` уште е присутна кај многу Американци, при што 65 отсто од Американците велат дека се плашат доколку друга економска криза се случи во блиска иднина. Анкетирани објавија дека избегнуваат да се задолжуваат, не купуваат не трошат пари на продукти со високи цени.

Но истражувањето „Морнинг Консулт“ покажа дека 74 отсто од Американците велат дека нивната финансиска ситуација е „просечна, добра или одлична“, додека само 11 отсто кажаа дека таа е „одлична“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG