Линкови за пристапност

Демант на полномошникот на Никола Груевски


Македонскиот премиер Никола Груевски
Македонскиот премиер Никола Груевски

Адвокатот Никола Додевски ги отфрла наводите на Зоран Заев во врска со македонскиот премиер.

Адвокатот Никола Додевски, во својство на полномошник на премиерот на Република Македонија Никола Груевски, упати барање за објавување на демант на изјавите на водачот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев што се однесуваат на Груевски, а што беа дадени на прес-конференции деновиве и станаа дел од медиумските извештаи.

Додевски се повикува на член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кога ги демантира изјавите на Заев.

„Невистинити и измислени се наводите дека Никола Груевски бил главниот креатор на криминалите во државата, таткото на криминалот во Република Македонија, дека земал 1.500.000,00 евра во кеш од бизнисмен именуван како газда Нини, дека затаил 225.000,00 евра данок, дека контролирал оф-шор и домашни компании кои имале акции во Македонска Банка и дека се стекнал со 2.400.000,00 евра кеш од продажбата на акциите на Македонска Банка, како и сите останати наводи изнесени на прес конференциите вклучувајќи ги и изјавите содржани во аудио снимките и нивниот транскрипт и истите всушност се невистинити изјави дадени од лицето Зоран Заев“, наведува Додевски.

Додевски тврди и дека Груевски никогаш немал акции во именуваната банка, дека изјавите на Заев се со намера да се наштети на честа и угледот на Груевски, како и дека против Заев ќе поднесе тужба за утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета.
XS
SM
MD
LG