Кина, Германија и Европската Унија денеска реагираа на вчерашната одлука на Претседателот Доналд Трамп за замрзнување на средствата со кои САД придонесуваат во финансирањето на Светската Здравствена Организација.
Шефот на европската дипломатија Жосел Борел порача дека нема оправдување за одлуката во време кога напорите на СЗО се попотребни од кога било до сега.
Само со заеднички сили можеме да ја надминеме кризата која не познава границиЖозел Борел, Висок претставник на ЕУ
Трамп пак вели дека причина за одлуката е тоа што СЗО неадекватно ги истражила раните извештаи за вирусот во Кина. Агенцијата, според Претседателот, имала „катастрофална одлука“ да се спротивстави на рестрикциите што во февруари ги воведе неговата администрација за дел од патниците кои доаѓаа од Кина.
Финансирањето ќе биде замрзнато додека админстрацијата ја ревидира работата на Органзиацијата во врска со пандемијата што може да трае 60 до 90 дена.
Во светот има околу 2 милиони случаи на инфекција со коронавирус, покажува статистиката на Универзитетот Џон Хопкинс. Од нив над 127 илјади се починати, а над 500 илјади се излекувани.