Линкови за пристапност

Атентаторот на Реган бара повеќе слобода


Атентаторот на Реган бара повеќе слобода

Човекот што сакаше да го убие поранешниот американски претседател бара повеќе време надвор од менталната болница.

Федерален судија во Вашингтон започнува распит што ќе трае неколку дена со цел да се разгледа дали човекот што пукаше во американскиот претседател Роналд Реган може да минува повеќе време надвор од вашингтонската ментална болница.

Џон Хинкли беше прогласен за непресметлив во 1982-ра по обидот за атентат на претседателот Реган една година пред тоа. Тој од тогаш живее во болницата Света Елизабета, што е федерална институција за ментално болни.

Адвокатите на Хинкли ќе побараат од судијата на 56-годишникот да му бидат дозволени серија посети на куќата на мајка му што би траеле од 17 до 24 денови секоја. Нему му беа дозволени посети во домот на мајка му во Вирџинија последниве години. Доколку бараните посети минат добро болницата бара да има право да побара негово отпуштање од болница за да живее цело време со мајка му без натамошна ревизија од судот.

Сослушувањето се очекува да донесе психијатри од двете страни за да дадат искази за менталната состојба на Хинкли. Се очекува да сведочат и агенти на Тајната служба.

Владини адвокати тврдат дека Хинкли останува „човек способен за големо насилство што може да биде повторено“.

Хинкли испука шест куршуми едно по друго на претседателот Реган кога претседателот излегувал од хотел во Вашингтон во 1981. Претседателот беше погоден во гради, но се опорави и служеше два мандата на функцијата. Агент на Тајната служба и полицаец беа исто така ранети, заедно со прес-секретарот на претседателот Реган, кој беше погоден во глава и остана трајно онеспособен.

Реган почина во 2004-та на 93 години.

XS
SM
MD
LG